![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/14/207382-rfm-gi-objavi-detalite-za-sobranieto-na-koe-kje-se-bira-naslednikot-na-mukaetov.jpg?itok=10mCXG60)
РФМ ги објави деталите за Собранието на кое ќе се бира наследникот на Мукаетов!
Овој собир е исклучително важен за македонскиот ракомет, со оглед што ќе треба да се избере човек кој ќе го продолжи исклучително успешниот пат на се уште актуелниот предводник, Живко Мукаетов, кој сам ја напушта функцијата поради искористување на максимален број мандати според Статутот. Дневниот ред погледнете го ТУКА.
Во време на првиот човек на компанијата „Алкалоид“, машката ракометна репрезентација на Македонија постигна значајни успеси и учествуваше на сите големи натпреварувања, а бевме сведоци на сериозни успеси и на женската селекција како и на младинските национални тимови.