Репрезентативецот Ивановски е седмото летно засилување за ГРК Охрид!
Станува збор за 25-годишен среден бек, кој се враќа во својот матичен клуб, каде што ги направи првите ракометни чекори. Ивановски потпиша едногодишен договор со можност за продолжување и во сезоната 2027/28, а во охридскиот тим ќе го носи дресот со број 34. Во својата досегашна кариера, покрај настапите за ГРК Охрид, Ивановски беше дел и од РК Алкалоид и Пелистер 2, а добрите игри му донесоа и место во сениорската репрезентација на Македонија.
„Пресреќен сум што се враќам во матичниот клуб во родниот град од кој потекнувам и каде што ги имав првите чекори. Охрид е амбициозен клуб кој од година во година оди само во нагорна линија, а резултатите го покажуваат тоа. Освојувањето на европскиот куп мислам дека е само почеток на оваа приказна. Се надевам дека заедно ќе успееме да го издигнеме клубот на уште повисоко ниво и ќе се радуваме на многу титули и успеси“, изјави Ивановски по потпишувањето на договорот.