Вардар убедливо го совлада Прилеп во 8. коло од ракометната Суперлига, иако гостите во „Јане Сандански“ покажаа желба и волја, па две третини од мечот парираа пристојно.

Проблемот за прилепчани е во тоа што парираа 41 минута и потоа целосно се распаднаа, па завршија со пораз од 41-24. Вардар најави како ќе тече мечот отворајќи со 5-0, потоа имаше плус седум во првото полувреме, меѓутоа Прилеп не се откажуваше и успеваше да одржи рамнотежа, па на пауза резултатот застана на 16-11.

Отпорот траеше уште десетина минути во второто полувреме, поточно до 42. минута, кога прилепчани погодија за да намалат на 23-19, но од тој момент до крајот на средбата резултатот беше 18-5. Вардар почна со серија од 5-0, таа потоа изнесуваше 10-1 и водството растеше благодарение на лесните голови и реализираните против-напади на црвено-црните.

Веселин Вујовиќ ги распореди силите и го комбинира составот, па избалансирана беше и листата на стрелците, која ја предводеше младиот пикер Стефан Атанасовски со седум гола, зад него беа Тимур Дибиров и Гоце Георгиевски со по шест. Во спротивниот табор Христијан Милошевски погоди пет пати. Ова е осма победа во осмиот меч за Вардар, додека Прилеп загуби петти пат.

 

 

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Вардар - Прилеп

Охрид - Металург 24-29

Радовиш - Пролет 21-27

Струга - Е. Пелистер 2 30-30

Е. Пелистер - Бутел 27-20

Скопје - Тиквеш УТРЕ (18 ч.)

ТАБЕЛА: Вардар 24, Е. Пелистер 21, Пролет 18, Е. Пелистер 2 16, Бутел 15, Охрид 12, Металург 9, Тиквеш 9 (-1), Прилеп 9, Струга 4, Радовиш 3 (-1), Скопје 0.