Португалскиот голман Еспиња пред промоција во Вардар!

Вардар е блиску да најде искусно решение за голманската позиција наредната сезона, според информациите, црвено-црните наскоро треба да потпишат со португалскиот чувар на мрежата Мигуел Еспиња Фереира.

30-годишниот Фереира е голман кој потекнува од Бенфика. Најголемиот дел од кариерата го поминува во португалскиот клуб, во минатата сезона бранеше за шпанскиот тим Балонмано Куенка со кој настапуваше во Европската лига.

Еспиња е и повремен голман на португалската репрезентација, досега има запишано 16 настапи за националниот тим.

Вардар имаше потреба од голман по заминувањето на Мартин Томовски во Потсдам, изборот паднал на Мигуел Еспиња.