
Поранешен репрезентативец седна на клупата на Радовиш
Котевски е поранешен македонски репрезентативец и во Радовиш пристигнува со цел да го спаси клубот од испаѓање.
Но, ќе го чека тешка задача бидејќи првата победа Радовиш ја оствари пред само две кола во натпреварот против Струга, а потоа одиграа реми против Бисино. На клупата ќе дебитира против актуелниот шампион, Пелистер.
„РК Радовиш / HC Radovis во своите редови како нов тренер го има Игор Котевски. Му посакуваме топло добредојде во Радовиш!“, стои во објавата на социјалните мрежи.
Низ кариерата Котевски претходно работеше во Металург, Голден Арт, Бутел, Драчево и Вардар Неготино.