
Мурињо го враќа ударот - го тужеше Галатасарај
Вчера, тој беше казнет со 42.500 евра и четири меча суспензија поради тоа што рече дека „противниците скокале како мајмуни“, а потоа и ги критикуваше домашните судии изјавувајќи дека „ќе беше катастрофа ако судеше Турчин“. Сега Мурињо се жали поради наводна повреда на личните права, а од ривалот бара 1.907.000 лири што е околу 50 илјади евра, но бројот е симболичен бидејќи ја содржи годината на формирање на Фудбалскиот клуб Фенербахче - 1907.
Судија на спорниот натпревар беше Словенецот, Славко Винчиќ бидејќи двата клуба сакаа мечот да го води странски арбитар.