„Модриќ не го сакаа кога дојде во Реал, но Мурињо беше уверен дека тој е голем играч“

Лука Модриќ и на 39 години игра во фантастична форма во Реал Мадрид, Хрватот прерасна во една од најголемите легенди во историјата на кралскиот клуб, но почетокот не му беше идеален.

Модриќ во Реал Мадрид пристигна по барање на Жозе Мурињо кој тогаш беше тренер на шпанскиот гигант. На почетокот многумина во кралскиот клуб се сомневале во квалитетите на Хрватот.

Оваа позната приказна сега ја потврдува и поранешниот играч на Реал Мадрид, Хесе Родригез.

„Лука Модриќ е неверојатен. Сепак се сеќавам кога дојде во Реал Мадрид луѓето не го сакаа многу. Тогаш Мурињо не предупреди и рече ќе видите што ќе направи, тоа и се случи. Тој е неверојатна личност и играч, видете го само последниот гол. Во Реал Мадрид во тие години не беше лесно“, вели Хесе.

Договорот на Модриќ истекува налето, а постојат најави дека ќе добие уште еден нов договор со клубот.