Поранешниот тренер на Антиќ не издржа долго во Феникс!

Феникс санс го отпушти Мајк Баденхолцер поради лошите резултати и токсичната атмосфера во соблекувалната на тимот.

Баденхолцер кој му беше тренер на Перо Антиќ во Атланта, ја загуби работата во Феникс санс каде не успеа да се задржи ни една цела сезона.

Тој влезе во дуел со главната ѕвезда на Санс, Кевин Букер на кого му рече да замолкне и да прави онака како што тој му кажува.

Кавгата со Букер ја расипа атмосферата во соблекувалната на Феникс, а резултатите на тимот се под очекувањата.

Раководството на клубот реши да му врачи отказ и да се обиде со нов тренер да ја спаси сезоната.