Алкалоид го заборави поразот од Пелистер и им се врати на победите

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Алкалоид ја оствари 18. победа во првенството и привремено се врати на првото место на табелата откако вечерва без проблеми го совлада Пролет со 35-26.

Отпорот на гостинскиот тим беше скршен пред крајот на првото и почетокот на второто полувреме. Претходно двете екипи беа израмнети со тоа што најчесто Пролет се наоѓаше во минимално водство. Така беше до 25. минута кога на семафорот стоеше 10-10 што беше деветто израмнување на мечот.

Во следните шест минути, вклучувајќи го почетокот на второто полувреме, Алкалоид направи серија од 5-0 и поведе со 15-10 по што предноста и победата на тимот од Автокоманда во ниеден момент не беа доведени во прашање. Највисоката разлика изнесуваше девет гола (26-17) колку што и заврши натпреварот.

Најефикасен играч на натпреварот беше Дамјан Митев со 11 гола. Пролет со овој пораз остана на седмото место со 15 бода.