Баерн Минхен со пресврт ги освои трите бода во Штутгарт (ВИДЕО)

Баварците со 3-1 славеа на гостувањето кај Штутгарт каде домаќинот го отвори резултатот, но не го задржа водството.

Радост за домаќините донесе Штилер со убав гол во 34. минута од натпреварот.

Но, предноста на домаќините не траеше долго, само десет минути подоцна Олисе го изедначи резултатот на 1-1.

Во 64. минута Горецка даде гол за комплетен пресврт и водство на Баерн Минхен од 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Кингсли Коман во судиското продолжение од мечот.