
Нови детали за трејдот на Дончиќ: Далас сакал да го прати во Минесота за Едвардс
Целта на Далас Маверикс била да го донесе најдобриот играч во оваа екипа Ентони Едвардс, но менаџментот на Вулфс категорично ја одбило таа понуда.
„Водени се неформални преговори меѓу Далас и Минесота пред да биде реализиран трејдот во Лејкерс“, пишува Атлетик.
Откако Вулфс ја одбиле понудата, Нико Херисон се свртел кон Лејкерс затоа што Ентони Дејвис бил еден од кошаркарите за кои сметал дека може да биде големо засилување. Дончиќ веќе дебитираше во дресот на Лејкерс, тим кој се бори за што подобар пласман во основниот дел од сезоната.