Барселона го продаде Витор Роке, Бразилецот се врати дома!
Позајмицата на Роке во Бетис е прекината бидејќи тој е продаден на Палмеирас.
Витор Роке во Барселона пристигна од Атлетико Парененсе за 30 милиони евра, а каталонскиот клуб сега го продаде за 25,5 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.
Бразилскиот фудбалер пристигна како големо засилување за Барселона, но никогаш не го покажа својот потенцијал.