Глупост на годината: Голман се обиде да одбрани со глава и прими гол од 40 метри (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хапоел Кфар Сабе на свој терен славеа победа од 2-0 во рамките од втората израелска лига против Хапоел Ум Ал-Фахма, а натпреварот го привлече вниманието поради несфатливата реакција на гостинскиот голман при еден примените погодоци.

Се играше шестата минута од судиското продолжение кога домаќините добија слободен удар на околу 40 метри, а голманот на гостите во таа ситуација од некоја причина се обиде да го одбрани ударот со глава и секако беше неуспешен.