
Нема крај на проблемите за Дејвид Кут - го суспендираше и УЕФА!
УЕФА му забрани на Кут да учествува во било какви судиски активности до јуни 2026 година. Претходно на Кут му беше раскинат договорот и за судење во Премиер лигата.
Проблемите за него започнаа кога во јавноста се појави видео на кое го навредува Ливерпул и поранешниот тренер на „црвените“, Јирген Клоп. Подоцна исто така беше објавена и снимка на која се гледа како конзумира кокаин во текот на Европското првенство во 2024.
Кут во центарот на вниманието беше и недоамна кога јавно призна дека е хомосексуалец.
Во ситуација со Дејвид Кут беше вмешан и македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски, а Кут беше обвинет дека намерно без причина му покажал жолт картон на Алиоски во периодот кога го носеше дресот на Лидс.
„Силно ги отфрлам овие лажни и клеветнички наводи. Без оглед на проблемите што ги имав во мојот приватен живот, тие никогаш не влијаеле на моите одлуки на теренот. Секогаш сум го почитувал интегритетот на играта, судејќи ги натпреварите непристрасно и најдобро што можев“, изјави за таа ситуација Кут.