Почина поранешниот селектор и ракометна легенда - Илија Темелковски!

Денеска во Скопје почина Илија Темелковски (71), поранешен селектр на повеќе македонски селекции.

Станува збор за исклучително почитуван ракометен работник и легенда на Пролет, а покрај овој клуб ги водеше и Работник и Струга. Како селектор на Македонија го освои 11. место на Светското првенство во 2009 година. Со младинската селекциија го освои четвртото место на Европското првенство во 2002 година, а во 2017 година го освои шестото место на Светското првенство.

Тој во февруари годинава беше предвреме прогласен за мртов од голем дел од медиумите, по што мораше да сними видео да покаже дека веста не е точна. Овој пат, за жал, таа е вистинита. Неговиот погреб е закажан за утре (вторник).