Беласица експресно назначи нов тренер – искусен стратег и поранешен играч на клубот!

Предводниците на второлигашот Беласица денеска и официјално го назначија Панче Стојанов за нов шеф на стручниот штаб на оваа екипа.

Овој ангажман доаѓа по спогодбената разделба со досегашниот стратег, Александар Стојанов, која беше постигната пред два дена. Панче Стојанов е добро познато име во македонскиот фудбал, како играч и како тренер. Во својата тренерска кариера ги предводеше Академија Пандев и АП Брера, каде што беше и помошник и шеф на стручен штаб. Како фудбалер, пак, настапуваше за Беласица, Силекс, Ренова, Хоризонт Турново и Работнички.

Струмичани по осум кола во Втората лига е на третата позиција со 16 бодови, четири помалку од водечкиот двоец – Брегалница и Шкендија Арачиново.