
Ветено-сторено: Албански новинар се соблече во живо по триумфот во Лесковац (ВИДЕО)
Тој пред натпреварот изјави дека ако Албанците дојдат до триумф, ќе се соблече во телевизиско студио.
„Се надевам дека ова ќе биде најдобриот ден за нашиот тим. Сакам само победа од 1-0, не мора повеќе. Ако заврши така – ќе се соблечам во студиото“, изјави тој пред камерите.
Џемини натпреварот го следеше облечен во дрес на албанската репрезентација, а кога судијата Иштван Ковач го означи крајот на мечот во Лесковац, ветувањето беше исполнето. Во програма во живо тој го соблече дресот и ја прослави победата, момент кој потоа го сподели и на својот профил на Инстаграм.
Албанија по шест одиграни кола во групата К има 11 бодови и се наоѓа на второто место, четири помалку од водечката Англија, со реални шанси да избори пласман на Светското првенство 2026 година.