
Пелистер со многу мака го совлада Бутел
Бутел имаше добар почеток на натпреварот и водство од три гола разлика до 10. минута, но потоа гостите од Битола го засилија темпото и до полувреме израмнија на 13-13.
Во вториот дел Пелистер преку Тајник и Пешевски стигна до 15-13, а потоа го чуваше водството до завршницата, иако Бутел неколку пати се обиде да стигне до израмнување, меѓутоа само го ублажи поразот (30-32).
Најдобар кај Пелистер беше Петровиќ со осум погодоци, додека Николов постигна шест гола за Бутел.