Пелистер се засили со младински репрезентативец на Македонија (ВИДЕО)

Екипата на Пелистер се подготвува за новата сезона во која ќе ја брани титулата во Суперлигата, а денеска битолскиот состав објави и ново засилување во своите редови.

Самоил Ристевски кој досега го носеше дресот на Пелистер во сезоната која следи ќе игра за првиот тим на пелистерци.

Станува збор за 18-годишен ракометар кој е кадетски и младински репрезентативец, а игра на позицијата кружен напаѓач.