Миовски повторно остана на клупа, Барселона ја прегази Жирона (ВИДЕО)

Eкипата на Барселона продолжи да победува и дојде до петтата победа во истот толку натпревари од почетокот на сезоната. Каталонците денеска беа убедливи против Жирона со 1-4.

Со овие четири гола Барселона дојде до 13 постигнати погодоци во последните два натпревари, пред репрезентативната пауза беа подобри од Ваљадолид со 7-0.

Резултатот беше отворен по половина час игра кога Ламин Јамал ја погоди мрежата на домаќините, а само седум минути подоцна и уште еднаш се запиша во листата на стрелци.

По само две минути игра во второто полувреме Дани Олмо се запиша во листата на стрелци за веќе убедлива предност. Педри во 64. минута се погрижи за 0-4.

Утешниот гол за Жирона го постигна Стуани на десет минути пред крајот. Во самата завршница исклучување заработи Феран Торес, но веќе беше доцна за Жирона да може да ја искористи предноста играч повеќе.

Македонскиот напаѓач Бојан не доби минутажа и втор натпревар во низа остана на клупата за резерви.