Гостивар и Вардар ремизираа во натпреварот од петтото коло кој се играше во Маџари, а во кој домаќин беше Гостивар.

Екипата на Гостивар прва дојде до водство во првото полувреме кога во листата на стрелци се запиша Алдаир во 27. минута. 

Поразот Вардар го избегна со погодокот во завршницата во 85. минута кога убав гол постигна Босанчиќ. За Босанчиќ ова беше и прв натпревар во црвено-црниот дрес.  

Инаку, натпреварот се играше без публика поради одлуката на Гостивар.

Со истиот резултат заврши и дербито во Чаир помеѓу Шкупи и Шкендија. И тука домаќинот прв дојде до водство преку Канда во финишот од првиот дел, а Шкендија преку Цаке во второто полувреме дојде со гол кој значеше реми.

Во останатите три натпревари Работнички го победи Тиквеш со 3:1, Брера со 3:2 беше подобра од Беса, додека Пелистер на домашен терен успеа да остане непоразен против шампионот Струга Трим Лум.