Трагедија во Ла Лига: Починал навивач пред натпреварот на Реал

Пред вчерашниот натпревар помеѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид починал навивач кој се обидувал да влезе на стадионот Реал Аена во Сан Себастијан. 

Навивачот на баскискиот клуб при влегувањето на стадионот паднал од оградата и тешко се повредил. Брзата помош реагирала и бил пренесен во болница каде што за жал не преживеал. Трагичниот случај го потврди и Реал Сосиедад.

„Длабоко жалиме за загубата на членот на нашиот клуб. Почина вчера по несреќата додека се обидувал да влезе на стадионот. Плаво-белиот клуб сака изрази најдлабоко сочувство на неговото семејство и пријателите. Првата екипа во вторник против Мајорка ќе игра со црни ленти околу раката, а ќе биде одржана и минута молк во првиот домашен натпревар против Валенсија“, соопштија од Реал Сосиедад.