Aрсенал со голот на Габриел славеше во дербито со Тотнем (ВИДЕО)

Во четвртото коло од Премиер лигата, Арсенал дојде до третата победа и тоа градското дерби против Тотнем (0-1).

Избраниците на Микел Артета со овој триумф ја продолжија добрата низа против големиот ривал. Арсенал во последните пет натпревари против Тотнем има четири победи и едно реми.

Арсенал одигра дисциплинирано и фокусот беше ставен на одбраната, па Тотнем тешко доаѓаше до прилика за гол.

Шансата која трпеливо ја чекаа дојде во 64. минута кога погоди Габриел. Во овој натпревар Арсенал беше без повредниот Одегар и суспендираниот Рајс.