Пелистер го реши најголемиот проблем: Кузмановски останува во Битола!
По завршувањето на претходната натпреварувачка кампања, постоеја шпекулации дека капитенот ќе си замине, за него беа заинтересирани Партизан и уште неколку германски клубови, но на крајот одлучи да ја продолжи верноста кон Пелистер. Со битолскиот клуб тој освои три шампионски титули во македонското првенство, а ќе ја игра петтата сезона по ред во зелениот дрес.
За разлика од претходните, сега Пелистер ќе учествува во Европската лига што ќе биде ново искуство и за Кузмановски и за битолскиот клуб. Претходно, договорот со Пелистер го продолжи и искусниот голман Никола Митревски кој ќе остане во „Боро Чурлевски“ и во следните две години.