Вардарци на прием кај првиот човек на Норчија! (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар ги одработуваат припремите во Италија каде што денеска имаа средба со првиот човек на Норчија, Антонио Дука.

На средбата од Вардар му подарија и дрес на првиот човек на градот. 

Во Норчија Вардар досега одигра два пријателски натпревари во кои забележа две победи, а во Скопје се враќаат на 2 јуни.

Првиот предизвик ги очекува против Купс во квалификациите за Лигата на шампионите.