Интер за малку пари ќе донесе квалитетен голман
Актуелниот шампион на Италија постигнал договор со Лацио за трансфер на голманот Иван Проведел. Искусниот чувар на мрежата треба да пристигне во Милано за обештетување од околу три милиони евра. Интер подолг период беше во потрага по сигурно решение меѓу стативите, особено поради очекуваното заминување на ветеранот Јан Зомер, кој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Ајакс. Иако Жозеп Мартинез ќе добие шанса да се наметне во текот на наредната сезона, тренерот Кристијан Киву инсистирал на ангажман на искусен голман, а изборот паднал токму на Проведел.
Според информациите од Италија, преговорите меѓу Интер и Лацио биле успешно завршени откако двете страни постигнале компромис околу висината на обештетувањето. Лацио првично барал околу пет милиони евра за својот голман, но на крајот прифатил пониска сума за реализација на трансферот.