Бразилски леворак виртуоз доаѓа во Пелистер!

Eкипата на Пелистер од наредната сезона ќе биде посилна за бразилското десно крило Рудолф Хакбарат кој во Битола ќе пристигне од редовите на шпанската Асобал лига каде што му завршува договорот со тимот на Куенка.

Во редовите на Пелистер, 31-годишниот бразилски репрезентативец пристигнува по шест сезони минати во шпанскиот ракомет и се очекува да биде големо засилување за тимот предводен од Раул Алонсо.

За бразилскиот ракометар имало интерес и од други клубови меѓу кои се истакнува и Адемар Леон, но на крај пресудила желбата на Хакбарат да се пресели во редовите на актуелниот македонски шампион.