Пелистер денеска ги добива противниците во Лигата на шампионите!

Македонскиот шампион Пелистер денеска ќе ги дознае противниците во групната фаза за новата сезона во Лигата на шампионите.

Пелистер ќе чека противници од третиот шешир каде што се наоѓаат уште екипите на Динамо Букурешт, Загреб Спортиг Лисабон и Клостад, меѓутоа не е исклучена можноста да добие противници во својата група и од овој шешир. Поради правилото дека две екипи од иста земја не можат да играат во иста група, ќе има и распределба на екипите.

Место во првиот шешир добија екипите на: Барселона, Пари Сен Жермен, Алборг, Висла Плоцк, Веспрем и поразениот во финалето оваа година, Фуксe Берлин.

Актуелниот европски шампион, Магдебург се најде во вториот шешир заедно со Нант, ГОГ Гудме, Келце и ПИК Сегед.

Ждрепката е закажана за терминот од 15:00 часот.