Јамал како подарок за 18. роденден ја добива - „десетката“ во Барселона!

Еден од најталентираните фудбалери во светот и ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал наскоро ќе наполни 18 години, а каталонскиот гигант му подготви специјално изненадување.

Јамал е еден од најважните фудбалери на Барселона, па поради тоа клубот реши да му ја додели „десетката“ која ќе ја носи на дресот од следната сезона.

Голем број фудбалски легенди го носеа дресот со број 10 во Барселона, а најголема трага остави аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси.

Фото: Facebook/FC Barcelona