Страшна сцена: ММА борец доживеа струен удар додека славеше победа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Во светот на боречките спортови и во минатото имало разни ситуации, но веројатно не се памети сцена каква што сега беше забележана на натпреварување во Тајланд.

Имено, рускиот ММА борец, Иван Паришков доживеа електричен удар во моментите кога ја славеше победата.

Откако победи Перишков се качи на кафезот и со рацете се фати за металниот столб на кој беа поставени рефлектори во тој момент дојде до струен удар кој можеше јасно да се слушне и во снимката.

Моментот предизвика шок и неверување кај сите присутни во публиката. Поради ударот Першиков изгуби свест, но за среќа набрзо стана и скокна во водата која се наоѓаше до самиот ринг.