Охрид останува без Пилиповиќ, Хрватот се сели во Швајцарија
Пилиповиќ брзо се адапатираше и добро се снајде во Охрид, но ќе остане само до јуни, а со Луцерн се обврза на верност од три години.
„Среќни сме што ни се приклучува Кристијан Пилиповиќ. Неговат опсесија победува и сигурно со своето искуство ќе биде клучен за нашиот проект“, изјави спортскиот директор, Ник Томинец.
Охрид кој во овој момент покрај Пилиповиќ ги има уште Бојан Блажески и Даниел Ѓорѓески од лето ќе треба да бара ново решение.