Обвинетите за убиството на ракометарот Тот осудени на вкупно 52 години затвор!
Анџело Ѓоргиевски (28 години), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (19) беа прогласени за виновни за убиство на хрватскиот ракометен интернационалец, кое се случи на 7 април пред една од дискотеките во Градскиот парк во Скопје. Тие се осудени за кривичното дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик , за кое се предвидени најмалку пет, а најмногу 20 години.
Ѓорѓиевски и Левковска се осудени на по 18 години затворска казна, додека Костовски доби казна од 16 години затвор. Судот исто така им наложи на осудените на родителите на Тот да им платат износ од по девет милиони денари, а на братот износ од осум милиони денари во рок од шест месеци по пресудата. Тие сега имаат право на жалба на Апелацискиот суд.