Невидено досега: Мулти Есенс постигна 86 гола, еден играч погоди 37 пати!
Скопскиот тим славеше со неверојатни 86-14 што исто така е историски подвиг и рекорден број голови на еден официјален меч. Поповски е крило на Мулти Есенс, игра на крилната позиција, а отсега се знае дека идната сезона ќе биде член на Вардар. Неговите 37 гола се недостижни за еден играч дури и на кошаркарски натпревари што дава дополнителна тежина на успехот.
Катастрофата на Вардар Неготино беше навестена уште во првото полувреме кое Мулти Есенс го доби со 42-8. Вториот дел беше уште поубедлив за триумф кој уште долго ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет.