
Млад босански голман го засили Охрид
Бркиќ потпиша договор со „гладијаторите“ до 2026 година и кажа дека е среќен што доаѓа во амбициозен клуб.
„Се радувам што доаѓам во ваков амбициозен клуб како што е Охрид. Доаѓам во една од најдобрите лиги во светот. Исто така се радувам што доаѓам во земјата каде што ракометот е спорт број еден. Го следев Охрид минатата сезона и има навистина добар тим и некои од соиграчите ги познавам. Се надевам ќе славиме многу победи, кажа Бркиќ.