Металург со +40 ја прегази Гевгелија на стартот на Суперлигата

Ракометарките на Металург фантастично ја отворија сезоната во женската Суперлига, откако во првото коло беа подобри од аутсајдерот Гевгелија со високи 48-8.

Екипата од Автокоманда жестоко го почна мечот, па им дозволи на гостинките од Гевгелија да постигнат само два гола во првото полувреме, додека тие запишаа дури 25.

До крајот на мечот немаше поголеми промени, па Металург славеше со 48-8, а најефикасна во домашниот тим беше Дамчевска со осум гола.

Фото: ЖРК Металург