Кузмановски: Потребни се 16 ракометари за вакви дуели, уште не сме го кажале последниот збор!

Пелистер доживеа тежок пораз на гостувањето кај шампионот Вардар (23-31) во СЦ „Јане Сандански“, а капитенот на битолчани, Филип Кузмановски кажа дека големиот број грешки биле пресудни во дербито.

Кузмановски кажа дека мора секој ракометар да придонесе во вакви натпревари за да се извлече позитивен резултат, но притоа посочи дека има уште да се игра до крајот и не го кажале последниот збор на теренот.

„Среќен сум за некои добри моменти во првиот дел, но не е лесно да се игра во оваа сала. За да извлечеш победа во ваква атмосфера, мора да си константен 60 минути. Мора да се игра со 16 ракометари, сите да помогнат и да придонесат.

Првенството не е решено, има уште многу да се игра. Честитки до Вардар, тие беа подобри денеска, но ние уште не сме го кажале последниот збор. Ќе направиме аналиуза на мечот, мора добро да размислиме за тоа кој колку придонесува. Ништо не е готово“, кажа Кузмановски.