Капитенот на Металург потпиша за Еурофарм

Мартин Велковски е нов ракометар на Еурофарм, откако потпиша четиригодишен договор со битолскиот тим. Тој е последниот ракометар од Металург кој си заминува од Автокоманда за да го облече дресот на „фармацефтите“. 

Претходно истото го стори и Бојан Маџовски, а минатото лето дресот на Металург со оној на Еурофарм го замени и Филип Кузмановски. Велковски целата своја кариера ја мина во редовите на Металург и потекнува од академијата на овој клуб. Десниот бек изминатава сезона имаше тешка повреда и одигра само неколку натпревари.

Тој и официјално е четвртото засилување за битолчани за следната сезона по Маџовски, голманот Никола Митревски и Словенецот Ратајац.