![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/08/248029-holangjanecot-lars-koij-go-napushti-vardar-se-vrakja-vo-germanija.jpg?itok=5xizGl-P)
Холанѓанецот Ларс Коиј го напушта Вардар: Се враќа во Германија!
За Холанѓанецот Германија не е непозната дестинација бидејќи претходно беше дел: Емстеден, Хем Вестфален и академијата на Фленсбург. Еден период од кариерата помина и во Данска во тимот на Тондер.
„Ларс со себе носи меѓународно искуство, долго време е и репрезентативец на Холандија, учествуваше и на последното Светско првенство. Сигурно многу ќе ни помогна и во одбранатаи во нападот. Во разговорот со него сфатив и дека е многу едноставна личност, па така и со карактерот одлично се вклопува во нашиот“, изјави Фабијан Гутброј, спортскиот директор на германскиот тим.
Задоволство од потписот изрази и самиот Коиј.
„Среќен сум што ќе бидам дел од семејството на Бергишер. Одлуката да дојдам тука беше лесна, разговорите течеа одлично од самиот старт. Со нетрпение очеувам да се разввам заедно со тимот и се надевам на многу успех“, изјави Коиј.
Со Бергишер холандскиот ракометар потпиша договор на две години.