Проблем за Вардар: Лазаревски опериран - во аут до крајот на годината (ФОТО)

Кружниот напаѓач на Вардар и македонската ракометна репрезентација, Милан Лазаревски, ќе паузира најмалку три месеци поради операција на десното рамо, соопштија од црвено-црниот табор.

Интервенцијата е извршена во Загреб и, според информациите од клубот, минала повеќе од успешно. Вардарци додаваат дека операцијата била неопходна поради проблеми што Лазаревски ги имал подолг период со рамото.

„Одлуката беше донесена веднаш за да може ракометарот да биде максимално подготвен за продолжението од сезоната“, информираат од Вардар.