Србите остануваат без селектор – Пикси пред преселба во Турција!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, би можел наскоро да ја напушти оваа функција, откако два големи турски клуба го вклучиле на својата листа на желби и подготвени се да направат конкретни чекори за да обезбедат негов потпис.

По понудите од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Саудиска Арабија, сега вниманието кон Пикси доаѓа од Турција, каде што клубовите гледаат на него како на долгорочно решение. И покрај тоа, тие покажуваат трпение и ќе ја следат ситуацијата во наредниот период. Стојковиќ има договор до крајот на годинава, а според правилата на ФИФА, тренери и играчи имаат право шест месеци пред истекот на договорот да започнат преговори и да потпишат нови ангажмани.

Стојковиќ ја презеде српската селекција во 2021 година и ја одведе на две големи натпреварувања, како и во најсилната лига на Лигата на нации. Во досегашните 52 меча на клупата на Србија има забележано 25 победи, 14 нерешени исходи и 13 порази.