
Шпански навивачи „по грешка“ наместо во Унгарија завршиле на – Фарските острови!
Дел од навивачите на овој тим, сепак, направија голема грешка – па наместо во Унгарија завршија на Фарските Острови. Проблемот се појавила поради претходниот противник на Неман. Тимот од Белорусија во минатото коло играше со КИ Клаксвик од Фарските Острови и првиот натпревар го загуби со 0-2. Убедени дека КИ ќе обезбеди пласман понатаму, тројца приврзаници на Рајо однапред ги резервирале авионските карти и целиот престој на најдалечната точка од континентот.
За патувањето потрошиле вкупно 4.700 евра, од кои 2.700 само за авионски билети. Но, Белорусите неочекувано го добија реваншот со 2-0, а потоа преку пенали се пласираа во следната рунда, каде што обезбедија пресметка со шпанскиот клуб. Иако нивната екипа играше во Унгарија, тројцата навивачи сепак останале верни на планот и ги посетиле Фарските Острови, додека соиграчите на Рајо остварија историска победа по долгата европска пауза.