Еурофарм го прегази Охрид, Бутел скокна во плејоф-зоната!

Еурофарм Работник запиша триумф во Охрид со 35-24, па така ги истурка „рибарите“ надвор од плејоф-зоната, во која влезе Бутел поради победата против Радовиш (37-29).

Битолчани не им дозволи на Охриѓани да ги изненадат, откако во првото полувреме беа поуспешни со 17-12, а потоа рутински го „запечатија“ триумфот од 35-24.

Во останатите натпревари Пелистер славеше убедливо против Прилеп со 46-18, а Струга минимално го победи Тинекс Пролет со 24-23.