„Чкембари“ испратија предупредување по дебаклот од Вардар: Алармот е пуштен! (ФОТО)

Тешкиот пораз од Вардар во големото ракометно дерби предизвика реакција кај најверните навивачи на Пелистер.

 

„Чкембари“ по убедливиот триумф на скопскиот ривал од 31-23 испратија кратка, но јасна порака преку социјалните мрежи, најавувајќи дека незадоволството е големо.

„Алармот е пуштен. Чкембари сме, најјаки сме“, напишаа битолските навивачи, придружувајќи ја објавата со предупредувачки симбол и детелина.

Пораката доаѓа по уште едно разочарување во пресметките со најголемиот ривал. Пелистер одигра рамноправно прво полувреме и на паузата имаше негатива од само три гола (12-15), но во продолжението Вардар целосно ја презеде контролата и стигна до убедлива победа.

Навивачите на битолскиот тим беа присутни и во Скопје, каде што пристигнаа во значителен број за да го поддржат својот тим. Но, по убедливиот пораз, нивната порака јасно покажува дека резултатот не помина без реакција од трибините.

По денешниот пораз, Пелистер веќе заостанува три бода во однос на Вардар, а не му цветаат рози ниту во ЕХФ Европската лига каде се наоѓа пред елиминација и покрај тоа што се одиграни само три кола.