Бутел пресилен за Голден Арт, врза втора победа по ред

Четвртото коло во ракометната Суперлига заврши со сигурна победа на Бутел во дуелот со Голден Арт, во рамки на групата Б.

Бутел го доби мечот со 29-23, во едно изедначено прво полувреме и многу помирно второ, ако се прашаат домаќините. Всушност, Голден Арт парираше до 20. минута, кога водеше со 9-8, но потоа следуваше голгетерски молк од осум минути, време за кое Бутел направи серија од четири невозвратени гола, за да замине на пауза со 12-10.

Во вториот дел предноста растеше постепено, но сигурно, достигнувајќи ги највисоките плус седум во неколку наврати. Бековската тројка Филип Николов, Димитар Ѓеоргиевски и Лука Ивиќ (новодојдениот лев бек од Србија) го предводеше Бутел со по пет гола. Кај поразените, по пет пати прецизно стрелаа Мице Шилегов и Тоше Ончев.

Ова е втора победа за Бутел и тоа по ред, со која дојде на четвртото место во групата Б, со шест бода, колку и Прилеп и Голден Арт.

 

СУПЕР ЛИГА 4. КОЛО

ГРУПА А

Куманово - Тиквеш 16-28

Струга - Скопје 37-28

Охрид - Пелистер 2 24-22

Аеродром - Алкалоид 30-44

ТАБЕЛА: Алкалоид 12, Тиквеш 12, Охрид 9, Струга 6, Аеродром 6, Пелистер 2 3, Куманово 0, Скопје 0.

ГРУПА Б

Прилеп - Вардар 22-35

Вардар Н. - Пелистер 17-32

Пролет - Мулти Есенс 32-27

Бутел - Голден Арт недела 18ч

ТАБЕЛА: Вардар 12, Пелистер 9, Пролет 9, Бутел 6, Прилеп 6, Голден Арт 6, Вардар Н.