Бутел ја прекина победничката серија во Радовиш, Пелистер убедлив против Струга

Бутел може да жали затоа што не се врати со победа од Радовиш (26-26) бидејќи на паузата меѓу двете полувремиња замина со водство од 12-9, додека Пелистер славеше убедливо против Струга со 38-24.

Бутел на полувреме во Радовиш водеше со 12-9, но како минуваа минутите во вториот дел, домаќините успеаа да направат и пресврт, па скопскиот тим мораше да спасува бод.

Пелистер славеше со 38-24 против Струга, додека Металург 2 немаше одговор на нападите на Пролет, кој славеше со 35-23.