Алушовски избра 21 ракометар: Познат е тимот на Вардар за новата сезона!

После промените во европсиот првак Вардар, започнувањето на нова ера на црвено-црните под палката на Михајло Михајловски на раководната позиција и реконструкцијата на играчкиот кадар на црвено-црните, тренерот на вардарци Стевче Алушовски ги избра ракометарите со кои во оваа сезона ќе ги бркаат домашните трофеи, пехарот во СЕХА и најмалку четвртфинале во Лигата на шампионите.

Алушовски го скрати тимот на кој ќе се потпре во продолжение од подготовките, на кои ќе играат на турнирот во Струга од 12 до 16 август, а поради откажувањето на турнирот во Кањижа, сега вардарци преговараат за уште низа контролки со цел да ја достигнат и темпираат формата за новата сезона.

Од поширокиот тим што Алушовски го имаше од собиот, тројца млади ракометари Мартин Карапалевски, Давид Гашоски и Давид Савревски остануваат со првиот тим, додека останатите младинци ќе бидат отстапени во тимот на Работнички каде тренер ќе биде Стојан Петрушевски - Стефан Атанасовски, Ален Ќосевски, Васил Гогов, Стефан Крстевски и Давид Савревски. Младиот Савревски ќе тренира со првиот тим на Вардар, а ќе настапува за Работнички.

ГОЛМАНИ: Борко Ристовски, Робин Кантагрел, Марко Кизиќ
ПИВОТМЕНИ: Стојанче Стоилов, Глеб Калараш, Давид Гашоски, Патрик Валчак
КРИЛА: Димитар Димитриоски, Тимур Дибиров, Гоце Георгиевски, Иван Чупиќ
БЕКОВИ: Мартин Карапалевски, Кристијан Дисингер, Филип Талески, Анте Гаџа, Томислав Јагуриновски, Марко Вујин, Јосип Векиќ, Давид Савревски, Ловро Јотиќ, Марко Мишевски

Првиот меч според планираното е на 29 август со Нексе во Скопје, меч кој е закажан како реванш од четвртфиналето од минатата сезона во кој вардарци треба да се изборат за фајнлфорот во септември во Задар. На првиот меч уште пред пандемијата со коронавирусот, Вардар победи со 31-30.