
Алкалоид со убедлива победа се враќа од Струга
Момците на Кире Лазаров беа далеку поквалитетен противник на овој натпревар и впишаа лесни три бода на табелата.
Струга беше рамноправна само во воведниот дел од мечот, потоа Алкалоид додаде гас и на полувремето замина со пет голови предност, беше 15-10.
Слично беше и во вториот дел, Алкалоид и тие 30 минути ги доби со пет гола разлика за конечна победа од 32-22.
Дамјан Митев со седум гола беше најдобар стрелец кај Алкалоид, Џонов и Кофисловски постигнаа по пет. Толку имаше и Младеновски од Струга.