Ако сте суеверни, исполнет е условот - Вардар ќе биде шампион на Европа!

Дали е пред распад, дали ќе постои повторно во друг облик, важно за Вардар ќе остане запишана сезоната 2016/17, кога освои сè за што играше. Лани му побегна ЛШ, оваа сеозна уште во првата половина на мај остана без пехарот во Купот, арно ама може да излезе нешто позитивно од тоа...ако сте суеверни.

Ако нешто е карактеристично за шампионската 2016/17 сезона на Вардар, тоа е дека, во таа беспрекорна пролет само една екипа се најде кадарна да го победи - Металург. Тоа беше прво коло во плејофот од македонската Суперлига, 2 април, неколку дена пред Вардар да го освои првиот трофеј таа сезона, во СЕХА-лигата. 

Тоа беше последниот пораз на Вардар на домашна сцена, без разлика што оттогаш имало тесни натпревари. Неполни два месеца откако загуби стана шампион на Европа, откако во полуфиналето на Ф4 во Келн ја совлада Барселона, а во финалето беше подобар од ПСЖ.

Првиот пораз оттогаш наваму Вардар го доживеа синоќа, три години подоцна. Повторно ќе игра на Ф4 во Келн и повторно противник во полуфиналето му е Барселона. Ако сте суеверни, синоќешниот пораз од Металург е доволен аргумент да верувате дека целиот риутал и сите услови се исполнети - Вардар може да стане европски шампион.

Ф4-турнирот во Келн се игра на 1 и 2 јуни