Жута и Риека стигнаа до важна победа против Интер Запрешиќ (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута денес успеа да му помогне на својот тим да стигне до убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Интер Запрешиќ.

Натпреварот беше израмнет помеѓу двата состава статистички, но резултатски подобри беа гостите. Екипата на Риека до водство стигна во 11. минута, а во наредната веднаш зголеми на 2-0. Во вториот дел од средбата Акости го постави конечниот резултат во 65. минута.

Благодарение на оваа победа, Риека сега се наоѓа на третата позиција на само три бодови од второпласираниот Хајдук, а има добра бодовна разлика пред Осиек (осум бодови) во борбата за место кое носи во Европа наредната сезона.