Жирона без Миовски против Ливерпул!
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Миовски на последниот тренинг се здобил со повреда на глуждот и ќе мора да паузира одреден период.
Засега не е познато за каква повреда се работи и колку време ќе отсуствува.
Натпреварот помеѓу Жирона и Ливерпул се игра утре во терминот од 18:45 часот.